Наскоро Раста станува слободен човек: Познат датумот кога му завршува притворот
Раперот Стефан Ѓуриќ – Раста наскоро ќе излезе од домашен притвор, мерка која му беше изречена за поседување марихуана.
Имено, Раста во вторник, на 19-ти април ќе стане слободен човек. Тој има обврска да помине уште само два дена во домашен притвор.
Раперот ги одбројува деновите до излегувањето, па на Инстаграм објави дека му остануваат само уште два дена до излегувањето.
Да потсетиме, Раста помина четири месеци во Централниот затвор. По тримесечна истрага на Вишото јавно обвинителство поради сомнение дека сторил тешко кривично дело – трговија со дрога, кон крајот на минатата година во судот беше поднесен обвинителен акт за недозволено поседување дрога, но направија спогодба за признавање вина.
На рочиштето во обвинителството по апсењето, Ѓуриќ се бранеше дека пронајдената марихуана ја користел за своја употреба, но тогаш обвинителството не му верувало.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа