Затвореник опишан како насилен, кој чека депортација во Гана, избега од притвор по втор пат за само една недела.

Дајел Боакје, 21, избега од полициски притвор во болница во јужен Лондон, објави Скај њуз.

Бокје, кој отслужуваше казна за грабеж во затворот Фелтам, повторно избега во неделата од болницата, каде што примаше медицински третман. Тој е насилен и има врски со банди, велат властите.

„Полициските службеници трчаа по него, но не можеа да го фатат пред да ја напушти зградата“, изјави портпаролот на полицијата.

Ова е неговото второ бегство за краток временски период. Првиот пат избега во раните утрински часови на 10 февруари од Универзитетската болница каде што беше задржан под надзор на затворската служба. Затворската служба во тоа време соопшти дека „итно“ соработува со полицијата за да ги испита околностите што доведоа до бегството.

Полицијата успеа да го пронајде во среда попладне на адреса во југоисточен Лондон, но сега тој повторно е во бегство.

Метрополитенската полиција апелира за какви било информации што би можеле да помогнат во неговото пронаоѓање.

„Тој има 21 година, црнец, со средна висина и витка градба. Во времето на бегството, носел сив долен дел од тренерка и темна јакна од „Најк“, соопшти полицијата.

Exit mobile version