Напредок во кариера или ново вработување: Два хороскопски знаци ги чека промена на работно место

Астролозите ги наведоа хороскопските знаци кои ќе имаат повеќе среќа од другите знаци на Зодијакот во однос на работата, работните односи, или новите вработувања.

Станува збор за два знаци на Зодијакот кои во периодот од 13 до 20 март може да очекуваат понуда која многу ќе ги израдува.

Риби

Рибите ќе бидат пријатно изненадени од новата понуда за подобра работна позиција во истата фирма во која работат. Станува збор за место кое секогаш го посакувале и на кое, со мала дополнителна обука, ќе можат исклучително да се истакнат. Со новото место ќе добијат и повисока плата или бонуси. Рибите пак кои не се вработени конечно ќе потпишат договор за работа! Можно е работата да ви биде понудена преку сосед или преку пријатели на роднина.

Вага

Вагите ги чекаат промени на работното место, на почетокот ќе изгледаат негативни, но потоа ќе испадне дека се – за нив – за подобро. Можно е недоразбирање со претпоставените и поради ова да бидете распределени на нова рбаотна позиција (која ќе испадне поповолна за вас), но уште поголема шанса е да добиете понуда за работа од поранешен колега во сосема нова фирма. Во секој случај случувања на работа за Вагите ќе има на претек во периодот до 20 март. Ваше е да го искористите најдоброто од моменталната понуда.

09.03.2023 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега