Најзгодниот Италијанец повеќе не е слободен: Го следеа гласини дека е хомосексуалец, а сега објави дека е во врска со оваа убава бринета

Италијанскиот актер Микеле Мороне по улогата во хит остварувањето „365 Days“ и неговите продолженија, стана миленик на женската публика ширум Европа и светот.

Маркантниот 32-годишен актер може да се пофали со навистина неверојатно добар изглед – го красат и висина и одлично тело, но и мажествено, убаво лице.

И покрај фактот што Микеле и тоа уште во раните 20-ти години бил во брак со либанската дизајнерка Руба Саде и со неа има двајца синови, го следеа гласини дека е хомосексуалец. Италијанецот никогаш не се огласи по повод ваквите наводи, но неодамна многу јасно ги демантираше со еден неочекуван потег.

Имено, Мороне откако со години не се изјаснуваше за својот емотивен статус, со серија фотографии на Инстаграм призна кој го заробил неговото срце.

Станува збор за 20-годишната Моара Сорио која ѝ е непозната на јавноста, со потекло е од Цирих и работи како финансиски советник. За неа се знаат многу малку информации, а на нејзините социјални мрежи има околу 100.000 следбеници.

Парот наводно се запознал во ноември минатата година и тоа во период додека Моара била во врска со друг маж. Но, таа очигледно не можела да му одолее на згодниот Италијанец и веќе во декември биле видени заедно на божиќен маркет во Цирих.

На снимките кои Микеле ги споделил на Инстаграм, тој ја нарекол младата убава бринета „негова љубов“ и напишал дека е „засекогаш негова“.

13.02.2023 - 23:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега