Најстудено утрово било во Берово и на Попова Шапка, каде се измерени 9 степени, додека најтопло утро е забележано во Велес со 19 степени.

Според податоците на УХМР, утринава се измерени 10 степени во Маврови Анови и Лазарополе, 11 во Крива Паланка, 12 во Битола, 13 во Тетово, Охрид, Претор и Крушево, 14 во Скопје-Петровец, 15 во Прилеп, Штип, Демир Капија и Струмица, 16 во Виница и Куманово, 17 во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Гевгелија, додека 19 степени се измерени во Велес.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне се очекуваат услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а максималните температури ќе се движат од 27 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Попладне во делови од котлината се можни краткотрајни врнежи, грмежи и засилен ветер, со максимална температура до 34 степени.

Exit mobile version