Внимателен оптимизам се врати на европските берзи денеска, при што цените на нафтата паднаа за повеќе од 2 проценти поради очекувањата дека САД и Иран, и покрај неодамнешните тензии, ќе успеат да постигнат договор за прекин на конфликтот на Блискиот Исток.
Според официјалните податоци од берзите изутрината во 9:30 часот, цената на американската сурова нафта падна за 2,78 проценти на 91,32 долари, додека суровата нафта „Брент“ забележа пад од 2,15 проценти и се тргуваше по 97,43 долари по барел.
Во исто време, европските фјучерси за гас за јуни се тргуваа по цена од 47,14 евра за мегават-час на отворањето на престижната берза ТТФ во Амстердам.
Најновиот извештај на „CNBC“ покажува дека паневропскиот индекс STOXX Europe 600 порасна за 0,2 проценти веднаш по отворањето на пазарот во Лондон, при што повеќето сектори се најдоа во позитива, предводени од автомобилскиот сектор кој порасна за 1,6 отсто.
Европските берзански индекси го почнаа денот во зелено: германскиот DAX забележа раст од 0,5 проценти, францускиот CAC 40 за 0,4 проценти, италијанскиот FTSE MIB за 0,3 проценти, додека британскиот FTSE 100 порасна за речиси 0,1 процент.
На валутните пазари, еврото денеска на Форекс се тргуваше по 1,1644 долари. Наспроти ова, вредноста на златото забележа пад на 4.482,08 долари за тројанска унца, а цената на пченицата се спушти на 6,27 долари за бушел.


