Најстудено утрово беше во Берово каде е измерен еден степен, додека на Попова Шапка и во Маврови Анови се измерени 4 степени.
Во Битола се измерени пет степени, во Крушево, Крива Паланка, Охрид, Претор, Тетово и во Прилеп шест степени, осум во Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија и Струмица, во Куманово и Кавадарци девет, во Скопје-Зајчев Рид и во Велес 10, а цо Гевгелија и во Виница 11 степени.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени


