УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија, во 11 часот. Според мерните станици, ова претпладне, најниска температура е измерена на Попова Шапка, од само 16 степени.
Со 27 степени, Гевгелија е најтоплиот град во 11 часот во Македонија.
Во Скопје ова претпладне УХМР измери 25 степени Целзиусови.
Денеска во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 8 до 16 степени, додека максималните ќе достигнат од 26 до 32 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13 степени, а дневната ќе достигне до 31 степен.

До сабота времето ќе биде претежно стабилно и суво. Во недела и понеделник се очекуваат повремени врнежи од дожд, проследени со услови за нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од вторник ќе следува продор на постуден воздух од север, што ќе услови пад на дневните температури.