Семејна расправија во Крива Паланка завршила со две пријави за физички напад.
Според полицијата, 32-годишна жена пријавила дека нејзиниот свекор во семејната куќа го нападнал нејзиниот малолетен син.
Дваесетина минути подоцна, свекорот пријавил дека бил физички нападнат од неговиот 38-годишен син.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.


