Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Винскиот Фестивал во Битола – Тридневна забава со врвна музика и урбано дружење пред Офицерскиот дом
    • „Зелено светло“ за граничниот премин „Клепало“ – Бугарските институции ја одобрија изградбата
    • Утрово измерени -4 степени, делови од Македонија се разбудија со минусни температури
    • Патувањето за Грција скапо ќе ве чини – не тргнувајте на пат доколку не сте подготвени за новите правила
    • СДСМ: Условите за укинување на техничката влада не се создадени – враќање на „режимот“ од 2016 година
    • Ќе нема струја 11 часа – ЕВН најави исклучувања во неколку делови од СКОПЈЕ
    • Голема полициска акција: Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини – проневериле 700.000 евра од УЕФА
    • Времето денеска променливо облачно, утре внимавајте на утринскиот мраз
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најмногу дожд наврна во Демир Капија и Маврово, утре поројни врнежи на југот

    Најмногу дожд наврна во Демир Капија и Маврово, утре поројни врнежи на југот

    05.12.2025 во 16:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира за измерените врнежи од дожд во изминатите 9 часа, заклучно со 16 часот попладнево.

    Најмногу дожд наврнало во Демир Капија и Маврови Анови – по 16 литри на метар квадратен.

    Следуваат:

    • Битола: 15 литри
    • Гевгелија: 9 литри
    • Пожаране: 8 литри
    • Кавадарци: 7 литри
    • Скопје – Зајчев Рид, Велес, Прилеп, Лазарополе, Претор, Тополчани: 5 литри
    • Ѓуриште: 3 литри
    • Тетово: 2 литри
    • Штип, Струмица, Охрид и Берово: по 1 литар

    Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе преовладува магловито време со повремени локални врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер.

    Утре (сабота) ќе биде облачно насекаде со врнежи од дожд. УХМР најавува дека врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови на земјата, каде локално може да надминат 40 литри на метар квадратен за 24 часа. Во утринските часови можна е појава на магла во одредени котлини, а ќе дува слаб до умерен, повремено засилен северен ветер.

    Минималната ќе биде од 6 до 10 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.

    До крајот на неделата следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура, освен во котлините каде ќе има појава на магла.

    Во Скопје, утре ќе биде облачно со врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од 9 (минимална) до 12 (максимална) степени.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.