Close Menu
Press24
    Најново

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најмладата жртва имала само 24 години: 25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила

    Најмладата жртва имала само 24 години: 25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила

    10.08.2026 во 08:492 Mins Read
    Принтскрин, видео, Youtube
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 10 август 2001 година се случил масакрот кај Љуботенски Бачила. Околу 8 часот наутро, воен камион на АРМ, кој превезувал муниција, налетал на две противтенковски мини поставени на патот кај месноста Љуботенски Бачила, на околу пет километри од селото.

    Во силната експлозија животот го загубиле осум припадници на резервниот состав на Армијата, додека уште осуммина биле повредени. По експлозијата започнала повеќечасовна престрелка меѓу припадници на ОНА и втората чета на Третиот баталјон, од која биле и загинатите припадници. Во текот на борбите бил извршен и воздушен напад со хеликоптери Ми-24, по што формацијата на ОНА се повлекла.

    Жртви на трагичниот настан биле:

    Томе Бадаревски – 33 години
    Марјанчо Бошковски – 28 години
    Томе Димовски – 37 години
    Ивица Златевски – 24 години
    Бранко Јанев – 36 години
    Раде Јанковски – 32 години
    Томислав Настевски – 27 години
    Гоце Чанкуловски – 39 години

    По повод годишнината, делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе им оддаде почит на осумтемина загинати припадници на резервниот состав на Армијата.

    Во рамки на одбележувањето, делегацијата ќе положи цвеќе и венци на повеќе спомен-обележја посветени на загинатите бранители.

    Првата активност е предвидена во 8 часот кај спомен-обележјето на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров. Во 8:30 часот ќе биде оддадена почит и кај споменикот на паднатите бранители во селото Волково.

    Во 10 часот делегацијата ќе положи венци кај споменикот на загинатите бранители во селото Љубанци, додека во 12 часот ќе биде положено цвеќе и кај спомен-плочата во касарната „Илинден“.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.