Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најмалку 188 загинати во силните земјотреси во Венецуела, се трага по илјадници исчезнати

    Најмалку 188 загинати во силните земјотреси во Венецуела, се трага по илјадници исчезнати

    26.06.2026 во 09:111 Min Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бројот на жртви од двата последователни силни земјотреси што ја погодија Венецуела се зголеми на најмалку 188, изјави денеска претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез.

    Според најновите податоци од веб-страницата каде што се пријавуваат исчезнати лица по земјотресот, речиси 40.000 луѓе се пријавени како исчезнати, пренесува Скај њуз.

    Родригез соопшти дека 1.520 повредени лица се веќе хоспитализирани, додека околу 200 луѓе сè уште се заробени под урнатините. Исто така, според неговите информации, 2.927 семејства останаа без своите домови.

    „Во трка сме со времето за да спасиме што е можно повеќе од нив живи“, рече Родригез.

    Тој додаде дека се стравува дека бројот на загинати и исчезнати може значително да се зголеми во следните часови.

    Поради сериозните оштетувања, главниот аеродром во Венецуела е затворен за сообраќај, а жителите од одредени населби веќе се евакуирани во соседен Бразил.

    Како последица на двата последователни земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала кои ја погодија земјата синоќа, во Венецуела е прогласена вонредна состојба.

    Воздушниот и железничкиот сообраќај се во целосен прекин, а привремено е прекината и наставата во училиштата.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.