Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади
    • Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса
    • „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица
    • Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден
    • ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 
    • МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
    • Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон
    • До 07:30 часот 31 пожар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нафтата поевтинува, растат надежите за Ормускиот Теснец

    Нафтата поевтинува, растат надежите за Ормускиот Теснец

    26.08.2026 во 22:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цената на нафтата продолжува да паѓа на светските пазари, поттикната од надежите дека напредокот во разговорите меѓу Иран и Оман може да доведе до постепено повторно отворање на Ормускиот Теснец и нормализирање на поморскиот сообраќај.

    На лондонскиот пазар барел брент околу пладне се тргуваше по 86,70 долари, што е пад од 1,88 долари во однос на претходното затворање. Американската WTI нафта поевтини за 1,61 долар и се спушти на 80,75 долари за барел.

    Во фокусот на пазарите се разговорите меѓу Иран и Оман за договор што би овозможил транспорт на нафта и други петрохемиски производи низ Ормускиот Теснец. Напредокот во преговорите ги зголеми очекувањата дека танкерскиот сообраќај би можел постепено да се врати кон нормала.

    Според иранската агенција „Тасним“, двете земји постигнале договор за уделите и приходите поврзани со теснецот, но иранската Револуционерна гарда во меѓувреме ги обвини САД дека ги попречуваат разговорите, поради што тие биле одложени.

    Сообраќајот низ Ормускиот Теснец и натаму е значително намален. Во вторникот низ него поминале само пет бродови што превезуваат суровини, додека десетдневниот просек е околу 15 бродови дневно.

    Пазарите внимателно ги следат и обидите за пошироко смирување на тензиите во регионот. Пакистан и Иран соопштија дека е постигнат „значителен напредок“ во разговорите насочени кон прекин на конфликтот и воспоставување мир.

    Во исто време, Вашингтон ги прошири санкциите кон иранската економија и предупреди дека со мерки може да се соочат и земји кои ќе продолжат да соработуваат со Техеран.

    Пад бележи и референтната кошница на ОПЕК. Според податоците на организацијата, цената на барелот од кошницата на земјите членки во вторникот се намалила за 4,44 долари и изнесувала 90,28 долари.

    Ормускиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на нафта, па секоја најава за негово отворање или затворање има директно влијание врз цените на енергенсите на глобалните пазари.

    Прочитај повеќе

    Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади

    12.09.2026 во 12:19

    Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса

    12.09.2026 во 11:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.