Close Menu
Press24
    Најново

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Над 9.000 повици за помош во Скопје, паднати дрвја, оштетени објекти, кровови, возила – Невремето остави хаос

    Над 9.000 повици за помош во Скопје, паднати дрвја, оштетени објекти, кровови, возила – Невремето остави хаос

    22.07.2026 во 09:423 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Силното невреме проследено со ветер, дожд и локални поројни врнежи предизвика материјални штети во повеќе региони низ државата. Регистрирани се паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на штетите и нормализирање на состојбата.

    Во Скопскиот регион, по 17 часот преку Единствениот број за итни повици 112 се примени над 9.000 повици од граѓани, од кои најголемиот дел се однесуваат на последиците од невремето. Најчести пријави се за паднати дрвја, оштетени возила и кровни конструкции, скинати електрични кабли, паднати бандери и други оштетувања на територијата на сите скопски општини.

    Во Полошкиот регион, на подрачјето на Тетово, нема регистрирани потешки случаи кои барале итни интервенции. Пријавени се помали материјални штети, а надлежните служби ја следат состојбата.

    Во Вардарскиот регион, кој ги опфаќа Велес, Свети Николе, Лозово, Кавадарци и Неготино, се регистрирани паднати дрвја и гранки, оштетени кровови и настрешници, како и прекини на електричната мрежа. На терен се ангажирани противпожарните единици, јавните комунални претпријатија, полицијата и екипи на ЕВН.

    Во делови од Свети Николе, Лозово, Чашка и околните населени места има прекини во снабдувањето со електрична енергија поради оштетувања на инфраструктурата. Во индустриската зона во Кавадарци, поради паднати електрични жици, избувнал пожар кој бил брзо локализиран.

    Во Североисточниот регион, на подрачјето на Куманово, се пријавени паднати дрвја, оштетени фасади и кровни конструкции, паднати кровови, како и оштетувања на електричната инфраструктура. Регистрирани се и случаи на паднати дрвја врз возила, при што е предизвикана материјална штета.

    Во Пелагонискиот регион, последици од невремето се регистрирани во делови од прилепскиот регион. Откорнат е лимен кров од управната зграда на ЈП „Национални шуми – Црн Бор“, а вработените работат на отстранување на последиците.

    Во Источниот регион, во Штип, Кочани, Пробиштип и Виница, се евидентирани повеќе оштетувања предизвикани од силниот ветер и дожд.

    Во Пробиштип има паднати дрвја и гранки, оштетени кровови на приватни и стопански објекти, паднати оџаци и оштетени возила. Поради последиците од невремето бил блокиран патниот правец од село Ратавица кон Злетово, а регистрирани се и прекини во електроснабдувањето.

    Во Кочани се пријавени оштетени кровни конструкции, паднати дрвја и гранки, навалени бандери и поплавени подрумски простории. Околу 80 проценти од градот останал без електрична енергија, а поради прекин на работата на пумпите било нарушено и водоснабдувањето. Одржан е состанок на Општинскиот кризен штаб.

    Во Штип се регистрирани повеќе паднати дрвја и гранки кои го отежнувале сообраќајот, оштетена е кровна конструкција на објект на улицата „Вита Поп Јорданова“, а околу 50 отсто од кровната конструкција на Клиничката болница Штип била подигната од силниот ветер. Регистрирани се и поплавени болнички простории. Екипи на ТППЕ Штип и јавните претпријатија се на терен.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.