На грузиската претседателка ѝ се заканува отповикување поради нејзиното патување во ЕУ

На претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили и се заканува импичмент поради патување во Европската унија.

Лидерот на владејачката партија Грузиски сон, Иракли Кобакидзе, рече дека ќе покрене постапка за импичмент во парламентот. Зурабишвили патувалa во странски земји без одобрение од владата, што е кршење на уставот.

Претседателот на Грузија има церемонијална улога и вистинската власт ја има владата.

Зурабишвили вчера во Берлин се сретна со германскиот претседател, а денеска во Брисел, имапе состанок со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, со кого разговараше за европско-грузиските односи и за поширокиот развој на настаните во регионот и за последиците од руската војна против Украина на Грузија. Мишел, исто така, повтори дека ЕУ го поддржува европскиот пат на Грузија.

Грузија ја поднесе својата апликација за членство во Унијата откако Русија започна инвазија врз Украина. Но, сегашната влада на таа поранешна советска република се смета за пријателски настроена кон Русија, наведува ДПА. Кобакидзе рече дека постапката за импичмент може да успее само доколку за неа гласа и опозицијата.

Опозицијата, сепак, наведе дека би била против доколку Зурабишвили го помилува затворениот, тешко болен поранешен претседател Михаил Сакашвили. Зурабишвили претходно беше министерка за надворешни работи, а за претседател беше избрана во 2018. Нејзиниот мандат истекува во декември следната година. 

01.09.2023 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега