Повеќе од 70 лица се убиени во нападот со дрон врз џамија во регионот Дарфур, во Судан, изјави за Би-Би-Си висок медицински извор.

За денешниот напад во градот ал-Фашер беа обвинети паравоените Сили за брза поддршка –РСФ (RSF), група која не ја презеде одговорноста за настанот.

Регуларната армија и паравоените РСФ повеќе од две години водат жестока граѓанска војна во Судан.

Паравоилните сили добиваат на сила во битката за целосна контрола врз ал-Фашер, последното воено упориште во Дарфур и градот во кој повеќе од 300.000 цивили живеат опкружени со постојани борби.

Жител на градот сведочеше за Би-Би-Си дека дронот ја погодил џамијата за време на утринската молитва, убивајќи десетици луѓе на лице место.

Извор од медицинската служба вели дека 78 лица загинале, а околу 20 се повредени, но процесот на извлекување на телата од урнатините на зградата сè уште е во тек

Leave A Reply

Exit mobile version