МЗ: Вчера аплицирани 11.695 вакцини- само со масовна вакцинација ќе успееме да го победиме вирусот

 Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 446.008 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.799 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.695 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 713.114 дози вакцини, а ревакцинирани се 267.106 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Министерството апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Со последните бројки, барем една доза вакцина имаат примено 58 отсто од населението над 70 години, 55 проценти од лицата над 65 години, 50 отсто над 60 години и 40 проценти од оние над 50 години.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба, посочуваат од Министерството за здравство.

– Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, наведуваат од Министерството за здравство. 

16.07.2021 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега