МЗ: Детектиран прв случај на сојот Омикрон во Македонија

Првиот случај на сојот Омикрон на вирусот SarsCoV2 денеска е детектиран во Република Северна Македонија, информираат од Министерството за здравство.

Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија.

– Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски. По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер. По втор пат позитивен тест на Ковид 19 има од пред два дена, по што е потврдено дека е сојот Омикрон, се вели во соопштението од МЗ.

Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.

24.12.2021 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега