Во септември за 93 лица кривични пријави за дела поврзани со недозволена трговија со дрога, запленети над 38 кг марихуана и други наркотични супстанци, соопшти МВР.
Во рамки на активностите на полициските и оперативни служби при МВР, во делот на сузбивање на недозволената трговија со дрога, во текот на месец септември вкупно се регистрирани 78 кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога, и притоа согласно Кривичниот законик, кривично се пријавени 93 сторители. Според кривично правната класификација 71 од овие дела се за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, а седум кривични дела се за „овозможување на употреба наркотични дроги“.
Исто така како резултат на откривањето и расчистувањето на овие кривични дела запленети се повеќе од 38 кг марихуана, 980 милилитри масло од хашиш, 137 стебла, 242 парчиња семки и 0,28 грама семки од растението канабис сатива, потоа 182 грама кокаин, 129 грама манитол, 44 грама хашиш, 27 грама хероин, 20 грама амфетамин, 16 грама мешавина на кофеин и парацетамол, 59 грама мешавина од тутун и марихуана, 12 грама мешавина кофеин, парацетамол и хероин, а во помала количина останати видови дрога и психотропни медикаменти.
Актуелно
- Османи за Меџити: 20 години работел без план сега ќе прави мастерплан
- Мелина Џиновиќ се вери: По разводот со Харис, ќе се мажи со 25 години постариот бизнисмен од Монако
- ЈПДП врши санација на потпорен ѕид на потпатник на скопската обиколница
- Липково: Исчезна жена – службите на нозе, активирани се дронови
- Алексовски: Развој на локалитетот Калин Камен и прочистителна станица во Крива Паланка
- Мицкоски: Филипче и Заев имаат ист вирус, со рака на срце лажат, но за истиот има лек и тоа е народот
- Шукова за БРТ-системот: Зеленилото ќе се заштити, инфраструктурата ќе се обнови
- Меља од ВРЕДИ вети целосна трансформација на општината, за благодат на сите дебрани