Вчера 178 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 13 лишени поради безобѕирно возење, 11 санкционирани возачи на лесни електрични возила

Во текот на вчерашниот ден (27.07.2026) во периодот од 17.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли и лесни електрични возила, при што санкционирани се 178 возачи. Од нив, 156 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 13 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, сите возеле без возачка дозвола, а пет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.

Санкционирани се 11 возачи на лесни електрични возила, од кои пет поради неносење на рефлектирачки елек при управувањето за време на намалена видливост по член 103-г.

За време на контролата санкционирани се и 130 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Exit mobile version