Втора недела по ред скокна цената на горивата, велат од СДСМ.
„Владата најавува дека во понеделник ќе одлучува за мерки.
Граѓаните повторно во страв.
Затоа што кај оваа влада веќе стана правило:
кога Мицкоски најавува „мерки за поевтинување“ – сите знаат дека следува поскапување.
Ова веќе стана смешно.
Но бидејќи директно удира по џебот на граѓаните – воопшто не е смешно.
Горивото поскапува.
Потрошувачката кошница расте.
Минималната плата стагнира.
А Владата повторно „ќе размислува“ во понеделник.
Граѓаните повеќе не веруваат во најави. Веруваат само во сметките што ги плаќаат“, стои во соопштението од СДСМ.


