Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР со засилени контроли: Над 10 илјади прекршоци за четири месеци

    МВР со засилени контроли: Над 10 илјади прекршоци за четири месеци

    22.09.2026 во 10:11Updated:22.09.2026 во 11:032 Mins Read
    МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи во периодот од мај до август 2026 година спроведе засилени акциски контроли на територијата на целата држава, со фокус на прекршоците направени од возачи на електрични тротинети, велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

    Во текот на контролите биле регистрирани 10.411 сообраќајни прекршоци. Од нив, 1.571 се однесуваат на електрични тротинети, 34 на велосипеди, додека најголемиот дел, односно 8.806 прекршоци, се констатирани кај возачи на мопеди, мотоцикли и трицикли.

    Најчестиот прекршок е некористењето заштитен шлем – кацига, за што се евидентирани 7.303 случаи. Полицијата констатирала и 718 случаи на управување по несоодветна површина, 401 прекршок поврзан со нерегистрирани возила и/или возила без полиса за осигурување, како и 322 случаи на некористење рефлектирачки елек.

    Во рамки на акциите биле евидентирани и 81 прекршок за управување од лица помлади од 18 години, 45 случаи на управување под дејство на алкохол, како и дополнителни 1.541 прекршок од друг вид.

    Покрај прекршоците, полициските службеници откриле и 619 кривични дела. Од нив, 604 се однесуваат на управување возило без возачка дозвола, 14 на управување под дејство на алкохол, а едно кривично дело е поврзано со управување во забранет правец.

    Како дел од преземените мерки, привремено се одземени 423 превозни средства – 20 електрични тротинети и 403 мопеди, мотоцикли и трицикли.

    Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат, со посебен фокус на прекршоците и ризичните однесувања кои директно ја загрозуваат безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Целта, како што посочуваат од Министерството, е навремено откривање и санкционирање на прекршувањата, спречување на сообраќајни незгоди и заштита на човечките животи.

    Од МВР упатуваат апел до возачите доследно да ги почитуваат сообраќајните правила, да ја користат задолжителната заштитна опрема и никогаш да не управуваат под дејство на алкохол или без исполнување на законските услови.

    Особено се апелира на зголемена внимателност и одговорност кон пешаците и останатите учесници во сообраќајот.

    Побезбедни патишта, посигурни животи. Безбедноста во сообраќајот не е случајност – таа е одлука.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.