МВР со првични детали за убиството: Убиениот маж го пронашол неговиот брат

 

МВР го потврди убиството кое вечерва се случи близу Блаце. Од МВР за Press24 велат дека убиството било пријавено во 18:10 минути, а безживотното тело на 56-годишникот го пронашол неговиот брат.

-Во 18.10 ч. во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со  прострелни рани од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.ова е првична информација, велат од МВР.

Претходно, порталот „24инфо“ објави дека станува збор за татко на Г.Т. кој е осомничен за ликвидацијата на Орхан Бајрами, познат како Оки која се случи минатото лето во Грција.

26.02.2024 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега