МВР: Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожари
Денес два полициски хеликоптера Mi-171 и Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици учествуваа во гасењето на пожарите во државата. Ми-171 дејствуваше на планината Серта, на територијата на општина Неготино, на пожарот кај селото Подлес, на територијата на Кавадарци и на пожарот на територијата на Радовиш. За време на дејствувањето, хеликоптерот во 32 налети исфрли над 80 тони вода, соопштија од МВР.
„Хеликоптерот Бел-412 дејствуваше на пожарите на врвот Лисец, помеѓу селата Г. Јаболчиште и Дреново, и на планината Серта, с. Калањево. За време на дејствувањето во 27 налета исфрли преку 40 тони вода и заедно со пожарникарите кои беа на терен и останати воздухоплови на терен се дејствуваше да се локализираат огнените стихии“, стои во соопштението на МВР.
18.07.2024 - 21:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа