Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки
    • Муцунски по повод 23 Октомври: Наша обврска е да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава
    • Марта Кос на средбата со Сали: Направете уставни измени за да влезете во ЕУ
    • Мајкрософт создава AI доктор?
    • Путин ги отвори картите: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
    • Падна одлука: Забрана за социјални медиуми за деца под 15 години во Грција
    • Министерот за правда оствари средба со Варнс: Во фокус кривичното законодавство и дигитализацијата
    • Драма во Куманово: Нападнале и ограбиле постар маж, па го носеле во финансиско друштво да вади брз кредит
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР почна акција: Утре ќе се уништува голема количина запленети минско-експлозивни пред 15 години

    МВР почна акција: Утре ќе се уништува голема количина запленети минско-експлозивни пред 15 години

    12.12.2025 во 21:581 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека утре на армискиот полигон „Криволак“ ќе биде уништена огромна количина на минско-експлозивни средства, запленети пред цели 15 години.

    Денеска, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, започнаа соодветни мерки и активности за уништување на материјалот.

    Утре, експлозивните средства од касарната „Ѓорче Петров“ ќе бидат транспортирани со камиони на АРМ до полигонот „Криволак“. Уништувањето ќе се спроведе со контролирана детонација во присуство на Комисијата за уништување на оружје, стручни лица од АРМ и пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

    МВР ја истакна сериозноста на доцнењето, наведувајќи дека ова е прв случај на уништување на ваков тип средства по 15 години.

    „Фактот дека ова е прв случај на уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години, за жал, говори дека претходно не била соодветно третирана безбедноста на граѓаните со должната сериозност“, посочуваат од Министерството.

    Од МВР нагласија дека овој чекор ја покажува „одговорноста, посветеноста и професионалното раководење“ со безбедносниот систем.

    Прочитај повеќе

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00

    Муцунски по повод 23 Октомври: Наша обврска е да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава

    23.10.2026 во 12:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.