Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против екс министерот Оливер Спасовски, поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување

Според пријавата, Спасовски во текот на 2021 година, додека ја извршувал функцијата министер, искористувајќи ја својата службена позиција, овозможил на правен субјект – станица за технички преглед во општина Сарај – да се стекне со противправна имотна корист во износ од 5.565.927 денари.

Според МВР тој наводно го сторил делото така што, спротивно на законските обврски, не донел решение за одземање на овластувањето за технички преглед иако надлежната организациска единица доставила предлог за тоа. Тој знаел дека одлуката мора да се донесе во рок од 15 дена по приемот на предметот, но не ја извршил службената должност согласно член 65 став 3 од Законот за возила и член 5 од соодветниот правилник.

Обвинителството треба да утврди дали постојат основи за поведување понатамошна постапка.

Exit mobile version