Close Menu
    Најново

    Разбојништво среде Скопје: Со остар предмет му се заканиле на дете и го земале велосипедот

    30.12.2025 во 16:16

    Утре ќе нема струја до 14:30 – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    30.12.2025 во 16:06

    Крај за политичките влијанија при изборот на обвинители – Владата го усвои новиот закон за обвинителство

    30.12.2025 во 15:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Разбојништво среде Скопје: Со остар предмет му се заканиле на дете и го земале велосипедот
    • Утре ќе нема струја до 14:30 – ЕВН најави исклучувања во неколку општини
    • Крај за политичките влијанија при изборот на обвинители – Владата го усвои новиот закон за обвинителство
    • УЈП со важно известување до граѓаните: Електронските услуги ќе бидат во прекин
    • Запрен сообраќајот во тунелот под Ла Манш – илјадници патници заглавени на станиците
    • Трамп: САД извршија прв копнен напад врз Венецуела
    • Хорор во Скопје: Заталкано зрно паднало врз возило во движење во кое се превезувало цело семејство
    • Тешко повредено 8-годишно дете од Гостивар, петарда му пукнала во рака, итно префрлено во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » МВР апелира: Лажни покани за истрага кружат по мејл – не отворајте, станува збор за измама

    МВР апелира: Лажни покани за истрага кружат по мејл – не отворајте, станува збор за измама

    10.11.2025 во 11:24
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. Во пораките се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен е-маил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа кривични дела, како што се детска порнографија, педофилија и трговија со дрога.

    МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажни пораки кои не се испратени од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните, со цел нивна понатамошна злоупотреба. Покани до граѓаните за истражни постапки од страна на МВР не се испраќаат преку е-маил адреси.

    Од МВР апелираат до граѓаните да не отвораат ваквите пораки, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците. Исто така, апелираме граѓаните да не ги отвораат линковите и датотеките кои се испратени во прилог на било која електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.