Муцунски: За ВМРО-ДПМНЕ пресудувачки факт за избори беше неспособноста на СДСМ да се справи со пандемијата
Денеска во емисијата на „Топ Тема“ гостуваше меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски посочи дека за одржување на избори ВМРО-ДПМНЕ имаше два предуслови, а тоа беа протокол и набљудувачка мисија од ОБСЕ/ОДИХР.
„Политиките во делот на здравство се креираа за да се дојде до брзи парламентарни избори. Тоа беше едно инсистирање на СДСМ. Ние во целокупниот процес на дијалог со сите политички субјекти во државата нагласувавме дека има одредени предуслови кои што се потребни за да дојдеме до парламентарни избори. Факт е дека на државата и се потребни функционални институции, тоа не може никој да го спори. Но за нас пресудувачки факт е можеби состојбата која што се случи токму со корона кризата, односно неспособноста и неподготвеноста на актуелната влада да се справи со оваа пандемија“, нагласи Муцунски.
Муцунски додаде дека предусловите на ВМРО-ДПМНЕ , г. Мицкоски ги објави во недела и тоа беа два предуслови. Прво да се создадат протоколи и политики кои што ќе претставуваат гаранција за здравствениот дел односно процесот на водење на кампања и самиот дел на гласањето. Вториот аспект на ставот на ВМРО-ДПМНЕ зошто требаше баш тој период за одржување на парламентарните избори е факт за да се има фер и демократски избори, а за тоа треба да се има набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
„Ние инсистиравме да не дојде ситуација да почнеме кампањата, а да немаме некоја форма на меѓународно набљудување на организацијата ОБСЕ/ОДИХР. Ние и меѓу другото сме и земја членка на ОБСЕ како меѓународна организација која што гарантира за легитимен, фер и демократски изборен процес. Нашите барања беа рационални. Нашите барања беа во рамките на логиката на состојбите кои што сега ги имаме, со кои што се справуваме“, истакна Муцунски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа