Close Menu
Press24
    Најново

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски во Катар: Разговори за директна линија Скопје–Доха и нови инвестиции

    Муцунски во Катар: Разговори за директна линија Скопје–Доха и нови инвестиции

    07.07.2026 во 11:111 Min Read
    МНРиНТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ја заврши официјалната посета на Катар со средби со претставници на две значајни компании – Qatar Airways и Barzan Holdings.

    На разговорите со раководството на Qatar Airways, една од водечките светски авиокомпании, биле презентирани можностите за инвестирање во земјава, како и потенцијалите за воспоставување директна авионска линија меѓу Скопје и Доха.

    Според Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, соговорниците оцениле дека подобрата воздушна поврзаност би придонела за развој на туризмот, зголемување на трговската размена, олеснување на деловните контакти и поголема мобилност на граѓаните.

    На средбата со Barzan Holdings се разговарало за можности за соработка во одбранбената индустрија и безбедносните технологии, како и за размена на искуства во развојот и модернизацијата на одбранбените капацитети.

    Посетата на Муцунски на Катар е дел од активностите насочени кон привлекување странски инвестиции, унапредување на извозот и продлабочување на економската и трговската соработка меѓу двете земји.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.