Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Владата посветено работи на реформите, целта е да бидеме лидери во регионот

    Муцунски: Владата посветено работи на реформите, целта е да бидеме лидери во регионот

    28.04.2026 во 20:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија, говореше за процесот на интеграција во Европската Унија, билатералната поддршка, Планот за раст и Реформската агенда.

    Говорејќи за спроведувањето на реформите, министерот истакна дека нивната реализација не е прашање на субјективна перцепција, туку на мерливи резултати.

    „Прашањето дали се спроведуваат реформи не е субјективно гледиште, туку мерлив показател за тоа што го реализира Владата. Најдобар судија е времето, а времето ќе покаже кој ќе биде во право“, изјави Муцунски.

    Во таа насока посочи дека поради локалните избори реформскиот процес привремено бил забавен, но по нивното завршување е евиденто сериозно раздвижување.

    „Нашата држава има ригидни правила поврзани со изборните процеси, поради што реформите во одреден период беа ограничени. Но веднаш по завршувањето на изборите има сериозно раздвижување во многу области. Нашата цел е до завршување на овој период, поврзан со Реформската агенда и Планот за раст, да бидеме лидер во регионот“, истакна министерот.

    Муцунски информираше дека Планот за раст на Европската Унија предвидува средствата што нема да ги искористат другите земји да бидат прераспределени кај оние кои успешно ги спроведуваат реформите, што претставува дополнителна мотивација и цел на владата. 

    Тој додаде дека реформите обезбедуваат директна поддршка за граѓаните и реализација на конкретни проекти.

    „Мотивацијата е и во вредноста на реформите, кои го приближуваат нашиот систем до системот на Европската Унија“, додаде Муцунски.

    Осврнувајќи се на поширокиот контекст, министерот нагласи дека, покрај реформскиот процес, во услови на геополитичка неизвесност од исклучителна важност е целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.

    „Мораме целосно да го промениме вредносниот систем во кој живееме, во насока на европеизација на општеството. Тоа, сепак, зависи и од институционалниот и политичкиот дијалог во државата, за што е потребен напор од сите засегнати страни – опозицијата, деловниот сектор и другите општествени чинители“, истакна тој.

    Министерот се осврна и на однесувањето на опозицијата по стратешките прашања поврзани со надворешната политика.

    „Не може да зборуваат за европеизација оние влади кои не направиле доволно за подобрување на судството и спроведување на реформите клучни за напредок на европскиот пат. Доколку навистина се постигнуваа резултати во тој период, денес веројатно ќе бевме многу поблиску до членството во Европската Унија“, заклучи Муцунски.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.