Муцунски: Продолжува негаторскиот однос на СДСМ кон традицијата, Општина Аеродром во целост финансиски ќе го поддржи „Илинденскиот марш“

 

​Продолжува негаторскиот однос од страна на СДСМ кон сето тоа што е симбол на традицијата и патриотизмот во Македонија. Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на Фејсбук објави дека општината оваа година во целост финансиски ќе го поддржи одржувањето на традиционалниот „Илинденски марш“.

„До мене стигнаа голем број информации и поплаки за одлуката на Министерката за култура за финансирање проекти, но последната која денес ја добив предизвика сериозна загриженост затоа што станува збор за „Илинденскиот марш“, важен проект за Општина Аеродром и Македонија кој опстојува повеќе од 40 години во минатото“, напиша Муцунски на фејсбук.

Тој додаде дека со последната одлука за финансирање и поддржување на проекти од страна на Министерството за култура, проектот за традиционалниот „Илинденскиот марш“ се одбива и за него од буџетот се одвојуваат нула денари.

„Имено, согласно одлуката потпишана од министерката Костадиновска – Стојчевска од буџетот на оваа државна институција, која се финансира од средствата на даночните обврзници во Македонија се одвојуваат средства за голем број проекти кои немаат никаква поврзаност со култура и со Македонија“, потенцираше Муцунски во својата фејсбук објава.

Имајќи го предвид заветот на нашите предци и важноста на овој проект за Аеродром и за Македонија, градоначалникот Муцунски ќе предложи советот на општината на донесе одлука со која во општината во целост финансиски ќе застане зад овој проект кој е доказ за истрајност од ропството во борбата за слобода, симбол на македонската револуционерна борба и истиот до денес на автентичен начин ја пренесува приказната за храброста и себепочитувањето.

14.02.2023 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега