Муцунски по денешната сообраќајка: Град Скопје да го реши проблемот со улицата

Град Скопје да ги преземе неопходните мерки за подигнување на безбедноста на улицата „Васко Карангелевски“. По денешната сообраќајка, градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски уште еднаш побара од надлежните институции да го решат проблемот со лошо изведеното сообраќајно решение на оваа улица.

„Безбедноста на граѓаните е најважна и во таа насока Општина Аеродром, во текот на денешниот ден, уште еднаш со писмено барање ќе побара надлежните институции да ги преземат потребните активности за решавање на овој проблем.“ – напиша Муцунски на социјалните мрежи.
Неговата реакција доаѓа откако голем број на граѓани од неговата општина предупредуваа дека улицата е непрегледна и дека фали соодветна сообраќајна сигнализација која ќе го направи безбедно ова место кое истовремено е и непосредно пред основно училиште каде што има голема фреквенција на деца.
Само во последните денови има неколку сообраќајќи на оваа точка, а утрово поради удар еден автомобил заврши на покрив.

20.11.2023 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега