Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски на „Тема на денот“ на Сител: Стратешкото партнерство со САД носи конкретни политички и економски резултати
    • Од Скопје до Оземпик: Научната приказна за истражувачката Светлана Мојсов
    • Три знаци кои се со жесток карактер и бурни реакции
    • Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени злосторства против Тачи
    • Петмина осомничени на распит поради терористички заговор во близина на американска база во Британија
    • Усмртил диво животно за време на забрана за лов, кривична за маж од Неготино
    • Голема новост за родителите во Инџиково: Наскоро се отвора новата градинка „Лавче“
    • Гаши во Саудиска Арабија: Има значителни можности за продлабочување на соработката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски на „Тема на денот“ на Сител: Стратешкото партнерство со САД носи конкретни политички и економски резултати

    Муцунски на „Тема на денот“ на Сител: Стратешкото партнерство со САД носи конкретни политички и економски резултати

    28.09.2026 во 20:253 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија, по работната посета на САД и учеството на Генералното собрание на ОН, се осврна на односите со Соединетите Американски Држави, политичкиот дијалог со американската администрација, економската соработка и конкретните придобивки за граѓаните и домашната економија.

    Муцунски оцени дека во изминатиот период е значително засилен билатералниот ангажман со САД, што, како што посочи, се гледа и преку интензитетот и преку содржината на средбите на највисоко ниво со претставници на американската администрација, Конгресот, како и со претставници на финансиски организации од јавниот и приватниот сектор.

    „Фактите говорат за себе. И интензитетот, и содржината, и пораките што се пренесуваат, кои обезбедуваат клучните инвестиции, како оние за кои зборуваме, да се насочат кон стратешките сектори“, истакна Муцунски.

    Говорејќи за односите со американскиот државен секретар Марко Рубио, министерот нагласи дека во изминатиот период е воспоставена интензивна комуникација и однос заснован на доверба и реализација на заеднички приоритети.

    „Стратешкиот однос со САД е еден од постулатите на нашата надворешна политика и моето очекување е дека интензитетот на таа соработка ќе продолжи“, порача Муцунски.

    Посебен акцент беше ставен на економската димензија на партнерството. Муцунски посочи дека интензивниот политички дијалог со Вашингтон е проследен со зголемена трговска размена и извоз кон американскиот пазар, како и со создавање услови за зачувување на работните места и зголемување на капацитетите и инвестициите на извозно ориентираните компании.

    „Можеме да зборуваме за сериозен скок на трговската размена и зголемен извоз кон Соединетите Американски Држави. Бевме една од првите земји во Европа што имаше заедничка изјава со САД во делот на трговијата, што создаде услови не само за зголемена трговска размена, туку и за зачувување на работните места и за зголемување на капацитетите и инвестициите на извозно ориентираните компании“, нагласи министерот.

    Муцунски информираше и за тековната соработка со DFC, како и за интензивниот дијалог за неколку потенцијални нови инвестиции кои би биле поддржани од американската страна. Во тој контекст се осврна и на иницијативата Trade Over Aid, предводена од Соединетите Американски Држави и насочена кон стратешки инвестиции со земјите со кои САД соработуваат.

    Осврнувајќи се на информациите пласирани од опозицијата во врска со учеството на државната делегација на Генералното собрание на Обединетите нации, Муцунски оцени дека тие се неточни. Тој конкретно ја отфрли информацијата дека претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и неговата сопруга не присуствувале на приемот организиран од претседателот на САД.

    „Претседателот на Владата, премиерот Христијан Мицкоски, заедно со неговата сопруга, беа поканети и присуствуваа на приемот организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга Меланија“, истакна Муцунски.

    Воедно, тој ги отфрли и тврдењата дека државната делегација броела 50 лица, посочувајќи дека нејзиниот обем, број и формат не отстапувале од практиката од претходните години. Муцунски нагласи дека Генералното собрание на ОН е најголемиот годишен мултилатерален собир на кој државата, како членка на Обединетите нации, има активен ангажман.

    Муцунски посочи дека фокусот останува на натамошно продлабочување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и преточување на политичкиот дијалог во конкретни инвестиции, економски можности и резултати за граѓаните.

    …

    Прочитај повеќе

    Од Скопје до Оземпик: Научната приказна за истражувачката Светлана Мојсов

    28.09.2026 во 19:44

    Усмртил диво животно за време на забрана за лов, кривична за маж од Неготино

    28.09.2026 во 19:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.