Close Menu
Press24
    Најново

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – „Голема загуба за целото партиско семејство”

    23.09.2026 во 09:12

    „Тато, не оди на Октоберфест…“Семејството на Александар го предупредило во пресрет на трагедијата

    23.09.2026 во 09:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Падна првиот снег и во Македонија
    • Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини
    • ФОТО: Елегантно издание на сопругата на Премиерот – Рози Мицкоска на приемот кај Меланија Трамп
    • Се сруши мост во Романија – преку него минало тешко возило кое немало соодветна дозвола за движење
    • Шок промена: Пред неколку дена 30 степени, сега само 4 – УХМР ги измери температурите претпладнево
    • „Да ги засукаме ракавите“: Тошковски повика на конкретни резултати на европскиот пат
    • Град Скопје со важна информација
    • Истражни детали од Турција: Момчето кое пукаше кај училиште во Маниса го најавило нападот, еве што е најдено во неговата соба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски на средба со Јоаким Странд: Финска и Македонија ќе ја зајакнуваат соработката во сите области од заемен интерес

    Муцунски на средба со Јоаким Странд: Финска и Македонија ќе ја зајакнуваат соработката во сите области од заемен интерес

    02.10.2025 во 15:351 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со Јоаким Странд, министер за европски прашања и државно сопствеништво на Финска, кој престојува во работна посета на земјава.

    Разговорите беа посветени на актуелните европски и регионални прашања, со посебен акцент на политиката на проширување на Европската унија и перспективите во пристапниот процес. Министерот Муцунски ја реафирмираше цврстата посветеност за забрзување на евроинтегративниот процес со цел полноправно членство во ЕУ, во согласност со воспоставените критериуми и стандарди. Тој истакна дека државата останува доследен и кредибилен партнер на ЕУ, кој континуирано работи на спроведување на реформите и активно придонесува кон регионалната стабилност и соработка.

    Муцунски посочи и на важноста од поголема предвидливост и динамика во процесот на интеграција на земјите од регионот во ЕУ, изразувајќи благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од страна на Финска.

    Двајцата министри разговараа и за билатералните односи, потврдувајќи ја заедничката заложба за нивно натамошно продлабочување и унапредување на соработката во сите области од заемен интерес.

    Прочитај повеќе

    Предметот на Левица пред Уставен: Се очекува одлука за платеното политичко рекламирање

    23.09.2026 во 08:49

    Петрушевски: Средбите во Вашингтон се потврда за зацврстување на партнерството со САД

    22.09.2026 во 20:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.