Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со американскиот заменик државен секретар, Кристофер Ландау, на маргините на денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО во Брисел.

Двајцата соговорници ги потврдија блиските и пријателски односи, како и силната и конструктивна соработка со САД како македонски стратешки партнер.

Разговорите опфатија теми поврзани со улогата на САД во стабилноста и развојот на Западниот Балкан, со акцент на соработката во рамките на НАТО и нејзината важност за колективната безбедност.

Министерот Муцунски, од своја страна, го истакна придонесот на земјата во Алијансата и нејзиното конзистентно делување како конструктивен и доверлив партнер во регионот.

Муцунски најави и дека заедно со италијанскиот министер Антонио Тајани ќе бидат кодомаќини на дискусија за Коридорот 8. Тој нагласи дека Коридорот 8 е од клучна политичка и безбедносна важност за подобрување на поврзаноста и стратешката воена мобилност.

Exit mobile version