Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од Дубаи до Македонија: Стефанија Нусеибех носи нов пристап кон дизајнот на ентериери
    • Подгответе ги чадорите: Ќе врне дожд цел ден
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Европскиот пат останува наш стратешки избор

    Муцунски: Европскиот пат останува наш стратешки избор

    25.06.2026 во 21:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија порача дека владата останува целосно посветена на европската интеграција, но дека процесот на проширување мора да биде кредибилен, предвидлив и заснован на објективни критериуми, а не на билатерални условувања.

    Осврнувајќи се на процесот на пристапување кон Европската Унија, Муцунски истакна дека објективната реалност е дека државата по прашањето на отворањето на преговорите не стои во место четири, туку петнаесет години, потсетувајќи дека Европската комисија уште во 2011 година оценила дека државата ги исполнува условите за почеток на пристапните преговори.

    -Нашата цел не е само да ги отпочнеме преговорите, туку тие да бидат успешни и во разумен рок да завршат со полноправно членство. Затоа сме должни да спречиме создавање нови пречки и нови билатерални условувања уште на самиот почеток на процесот, истакна Муцунски.

    Тој нагласи дека отворањето на преговорите не зависи само од уставните измени, туку и од исполнување на сите предуслови, вклучително и усвојувањето на Акцискиот план за малцинства, оценувајќи дека во јавноста често погрешно се создава впечаток дека станува збор само за едно прашање.

    Во однос на економските придобивки, министерот посочи дека земјите кои веќе преговараат со Европската Унија во моментов немаат пристап до дополнителни европски фондови во однос на земјите кои сè уште не ги започнале преговорите. Како што нагласи, Планот за раст е достапен за сите шест држави од Западен Балкан, а клучното прашање не е формалниот статус на преговорите, туку капацитетот и успешноста во спроведувањето на реформите и искористувањето на расположливите средства.

    Осврнувајќи се на реформскиот процес, Муцунски истакна дека Владата во изминатиот период значително ја засилила динамиката на спроведување на реформите поврзани со европската интеграција, особено преку исполнувањето на обврските од Реформската агенда и Планот за раст.

    Тој оцени дека ниту една држава не може да тврди дека реформскиот процес е завршен, но дека извештаите на европските институции покажуваат напредок во повеќе клучни области, меѓу кои реформата на јавната администрација, владеењето на правото, енергетиката и образованието.

    -Средствата што државата ги добива преку Планот за раст се најдобра потврда дека реформите се препознаени. Тие средства се условени со исполнување на конкретни реформски чекори и не би биле ставени на располагање доколку тие резултати изостануваа, нагласи Муцунски.

    Во делот на надворешната политика, министерот посочи дека ова останува највисоко оценетата област во
    извештаите на Европската комисија, што, според него, претставува признание за јасната стратешка ориентација на државата.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.