Mу се закнуваат 20 години затвор: Американскиот новинар, Еван Грешкович официјално обвинет за шпионажа во Русија
Американскиот новинар Еван Гершкович, уапсен во Русија минатата недела, денеска е официјално обвинет за „шпионажа“, обвинение што тој го негира, пренесоа руските агенции.
Според агенцијата „Интерфакс“, Гершкович, дописник на „Волстрит журнал“, кој претходно работел за „АФП“, бил кривично гонет според член 276 од рускиот кривичен законик.
На Гершковиќ му се заканува казна затвор од 20 години.
Агенцијата „ТАСС“ објави дека новинарот категорично ги отфрлил обвинувањата.
Гершкович (31), репортер од рускојазичното подрачје беше уапсен во Екатеринбург под сомнение за шпионажа.
На американскиот новинар му е одреден притвор до 29 мај. Тој притвор може да биде продолжен до евентуално судење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа