Вчера во 16:50 часот на патот А3, на место викано „Превалец“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Ј.Ѓ.(60) од с.Истибања, виничко.

Претходно, на патот тој со возилото „фиат“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со возило „шкода“, управувано од М.Г.(56) од Делчево.

При преземење мерки во врска со негодата, полициските службеници констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,52 промили алкохол во крвта.

Exit mobile version