Вчера во 23:07 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.С.(38) од с.Татомир, кратовско.
Претходно, во 22:45 часот на регионалниот пат с.Татомир – Кратово, во с.Туралево, С.С. управувајќи возило излетал од патот, а по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,19 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Актуелно
- Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе биде жива културна сцена на градот
- АХВ со итно предупредување: Се повлекува небезбедна бебешка храна „Аптамил“ од Македонија
- Валандово: Референтка од катастар и струмичанец фалсификувале имотни листови
- По 19 години уапсен Македонецот кој изврши тројно убиство
- Измама во Скопје: Турчин му зел 6.650 евра на сонародник за лажни документи, па „исчезнал“
- Приведен 77-годишен старец – допирал скопјанка по телото
- Тепачка на паркинг во Карпош: Возач на приватен автобус и уште едно лице нападнале скопјанец
- Инцидент во скопско училиште: Наставник физички нападнал малолетник во салата за физичко

