„Морската боја“ ќе ви трае подолго- генијални трикови за темниот тен да трае до следното лето

За да и обезбедите на кожата долготраен тен, ве советуваме да ги направите следниве три чекори:

Редовен пилинг

Иако првата мисла е дека пилингот го отстранува тенот, овој чекор е клучен за долготраен тен. Површинскиот слој на кожата се лупи околу секои две недели, па затоа е важно да се отстранат мртвите клетки, така што сончевите зраци продираат до кожата. На тој начин се добива длабок тен, кој ќе трае цело лето. За рамномерен тен, направете лесен пилинг на секои две недели. Пилингот можете да го подготвите сами со мешавина од шеќер и мед, кафе и маслиново масло или овесна каша и сол.

Хидратација на кожата надвор и внатре

Овој чекор е многу важен за добивање на рамномерен тен. Негувајте ја кожата секој ден, особено кога сте почесто на сонце. Обрнете посебно внимание на деловите од вашето тело кои најмногу се сушат. Ова лесно ќе го забележите бидејќи кожата најбрзо апсорбира на овие места. За време на сончањето, користете производи кои обезбедуваат заштита, но исто така хидрирајте ги и стимулирајте ги природните процеси на сончање на кожата. Покрај тоа, кожата треба да се хидрира одвнатре. Бидејќи многу се потиме во текот на летото, треба да се осигураме дека имаме доволно вода.

Избегнувајте туширање во топла вода

Долготрајното туширање со топла вода ја суши кожата, затоа држете се до млака вода и хидрантни гелови за туширање доколку сакате вашата кожа да го задржи долготраен тен. Исто така избегнувајте производи за депилација на база на киселина, бидејќи тие го отстрануваат слојот на вашата кожа заедно со бојата.

20.06.2021 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега