Моника Зајкова е нова претседателка на Либералната мрежа на Југоисточна Европа
Претседателката на Либерално демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова е избрана за нов претседател на регионалната политичка алијанса – Либералната мрежа на Југоисточна Европа (LIBSEEN) која ги обединува либералните партии од Југоисточна Европа. Од ЛДП велат дека со нејзиниот избор се афирмира силната положба на партијата и претседателката во меѓународното либерално семејство, но и заложбите на ЛДП за брзо и успешно завршување на евроинтегративниот процес на земјава.
„LIBSEEN е платформа која овозможува да се обединат либералните сили во регионот односно платформа која покажува дека соработка меѓу партиите може да донесе реални промени. Примери се иницијативата за поддршка на младите претприемачи и промоција на зелени политики, иницијативата „roаm like home“ со која се намалуваат цените за роаминг услугите, како и заеднички активности преку кои бараме поддршка од ЕУ за посолен граѓански сектор и иницијативи кои ги поттикнуваат европските вредности“ велат од ЛДП.
Конференцијата „Quo Vadis Europa 2024? на која Зајкова беше избрана за претседателка на мрежата, се организира на годишнината од завршувањето на скрининг процесот со кој се заврши техничкиот дел пред формалното отворање на кластерите во процесот на преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија.
Конференцијата „Quo Vadis Europa 2024? – Следни чекори во европската интеграција и проширувањето на ЕУ“ има за цел да поттикне отворена дискусија за иднината на Европската Унија и улогата на Западен Балкан во процесот на проширување, велат оттаму.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа