Мицкоски: Почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе - Се грижиме“ - се намалуваат цените на над 800 производи
Од денеска почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе - Се грижиме“ со која се намалуваат цените на над 800 прехранбени производи во пресрет на новогодишните празници, информираше премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски наведе дека во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат цела низа на производи како леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци и друго.
„Кампањата ќе трае до 15 јануари 2025 година.
Вклучени се над 80 компании, а новогодишната потрошувачка кошничка би се проширила со над 1000 производи. Вака директно помагаме за стандардот на граѓаните и заштита од ценовни шокови“, нагласи Мицкоски.
15.12.2024 - 12:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа