Хорор во Куманово: Тригодишно дете се затруло со таблети - пренесено во болница

 

Тригодишно дете затруено со таблети вчера било однесено во кумановската Општа болница, информираат од СВР Куманово.

Детето било однесено во болница во 17:08 часот и му била укажана лекарска помош.

„Вчера, во 17:08 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово, било пријавено дека кај нив било донесено тригодишно дете од Куманово кое било затруено откако испило поголема количина таблети“, велат од полицијата.

Од полицијата велат дека службеници преземаат мерки за расчистување на случајот.

14.12.2024 - 15:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега