Close Menu
    Најново

    Пробиштип: 31-годишник претепал 12-годишно дете пред продавница

    17.11.2025 во 14:37

    (ВИДЕО) Потоп во Италија: Луѓе чекаат евакуирање на покривите, се урна и трикатна зграда

    17.11.2025 во 14:24

    Маж пронајден мртов во септичка јама – ужас го потресе регионот

    17.11.2025 во 14:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Пробиштип: 31-годишник претепал 12-годишно дете пред продавница
    • (ВИДЕО) Потоп во Италија: Луѓе чекаат евакуирање на покривите, се урна и трикатна зграда
    • Маж пронајден мртов во септичка јама – ужас го потресе регионот
    • Пак поскапеа горивата – бензинот и дизелот од полноќ речиси иста цена
    • Без договор на ЕСС, минималната плата ќе се пресметува по постојната формула
    • Паника во Германија: Полицијата прими повеќе од 1.000 повици поради закана за напад во училиште
    • Хорор: Тело без глава пронајдено во канал
    • Доаѓа влажен бран: Кога и колку дожд да очекувате во наредните 2 недели
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » МОН: Затворен приватниот Факултет за бизнис економија во Скопје

    МОН: Затворен приватниот Факултет за бизнис економија во Скопје

    23.09.2025 во 17:33
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение
    за отстранување на истите, Министерството за образование и наука информира дека е
    донесена одлука за привремено запирање на работата на приватната висока стручна
    школа – Факултет за бизнис економија во Скопје.
    Нерегуларностите се констатирани од страна на посебна комисија во рамки на МОН за
    вршење надзор над законитоста во работењето, а одлуката за времено запирање на
    работата на оваа приватна високообразовна установа е донесена и врз основа на
    мислење од страна на Одборот за акредитација на високото образование.
    На Факултетот за бизнис економија нема запишани нови студенти во академската
    2025-2026 година. Кон веќе запишаните студенти, високообразовната установа ќе ги
    исполни обврските предвидени во Законот за високо образование со цел овозможување
    непречена понатамошна едукација, односно префрлање на други факултети.
    Почитувањето на законските прописи мора да биде основен принцип во работењето на
    сите образовни установи. Тоа е единствениот начин да се обезбеди одржлив квалитет
    кон корисниците на образовните услуги.
    Во изминатите 15 месеци затворени се и 14 приватни научни институти, од кои дел
    поради неактивност, а дел поради неисполнување на условите за работа. МОН и во
    иднина неселективно ќе продолжи да ја контролира работата на образовните и
    научните установи и да презема соодветни мерки онаму каде ќе бидат констатирани
    отстапувања од правните норми.

    Популарно

    „Бентли“ ти дава крилја: Дозволено 50км/ч – летал со 143 км/ч

    17.11.2025 во 11:57

    Добри вести за пензионерите: Следи ново зголемување на пензиите

    17.11.2025 во 12:52

    Времето денеска облачно, од утре голем пресврт

    17.11.2025 во 09:01

    Во петок е голем празник – посветен на војводата на сите ангели

    17.11.2025 во 10:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.