Поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение
за отстранување на истите, Министерството за образование и наука информира дека е
донесена одлука за привремено запирање на работата на приватната висока стручна
школа – Факултет за бизнис економија во Скопје.
Нерегуларностите се констатирани од страна на посебна комисија во рамки на МОН за
вршење надзор над законитоста во работењето, а одлуката за времено запирање на
работата на оваа приватна високообразовна установа е донесена и врз основа на
мислење од страна на Одборот за акредитација на високото образование.
На Факултетот за бизнис економија нема запишани нови студенти во академската
2025-2026 година. Кон веќе запишаните студенти, високообразовната установа ќе ги
исполни обврските предвидени во Законот за високо образование со цел овозможување
непречена понатамошна едукација, односно префрлање на други факултети.
Почитувањето на законските прописи мора да биде основен принцип во работењето на
сите образовни установи. Тоа е единствениот начин да се обезбеди одржлив квалитет
кон корисниците на образовните услуги.
Во изминатите 15 месеци затворени се и 14 приватни научни институти, од кои дел
поради неактивност, а дел поради неисполнување на условите за работа. МОН и во
иднина неселективно ќе продолжи да ја контролира работата на образовните и
научните установи и да презема соодветни мерки онаму каде ќе бидат констатирани
отстапувања од правните норми.
Актуелно
- Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
- Запалено игралиште за баскет во Радишани
- По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
- Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
- Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
- На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
- Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
- Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

