Close Menu
Press24
    Најново

    Се огласи Груевски: Маленко измислува приказни по поткасти, никогаш во животот не сум го видел тој човек

    10.06.2026 во 12:47

    АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина

    10.06.2026 во 12:38

    Почна невремето во Македонија – грмежи и пороен дожд во овие региони

    10.06.2026 во 12:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се огласи Груевски: Маленко измислува приказни по поткасти, никогаш во животот не сум го видел тој човек
    • АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
    • Почна невремето во Македонија – грмежи и пороен дожд во овие региони
    • МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства
    • Метео аларм: Доаѓа силно невреме со пороен дожд и град, од петок драстичен пад на температурите
    • Мицкоски: По 14 пропаднати тендери, државата сама ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“ со 1,5 милијарди евра
    • Хорор во Тетово: Мајка среде улица крвнички си го тепала 3-годишното дете, па го оставила и си заминала
    • Лефков: Филипче е специјален бугарски пратеник, подготвен е веднаш да прифати уставни измени под диктат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МОН: Системски го решивме прашањето со набавка и испорака на учебници, испечатени се и доставени до сите училишта

    МОН: Системски го решивме прашањето со набавка и испорака на учебници, испечатени се и доставени до сите училишта

    17.09.2025 во 18:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за образование и наука во реакција на прес-конференцијата на СДСМ наведува дека системски го решило прашањето со набавка и испорака на учебници, кои се испечатени и доставени до сите училишта.

    Четири министри во Владата на СДСМ раководеа со Министерството за образование и наука во период од седум години и не успеаја да обезбедат учебници ниту за основците, ниту за v. Сега кога ситуацијата е надмината, оваа политичка партија чија слаба страна е образованието, се обидува токму во оваа област да собира политички поени. Не им успева, бидејќи учебници има. Целиот тираж кој беше побаран од училиштата е испечатен и испорачан, се вели во реакцијата на МОН.

    Сегашното раководство, посочуваат од МОН, системски го реши овој предизвик од минатото, со ново законско решение во чија изработка учествуваа сите засегнати чинители, како и со интензивен ангажман на надлежните институции, органи и тела.

    Испечатени се сите претходно одобрени учебници по сите предмети. За прв пат по цели седум години, обезбедени се и нови учебници по странските јазици во сите одделенија. Целосно нови учебници има во седмо одделение во основното образование и во прва година во гимназиско образование, поради примената на нови наставни програми од оваа учебна година, потенцираат од МОН.

    Обновата на наставните програми и на учебниците, како што наведуваат од Министерството, ќе продолжи и во следниот период, затоа што тие се основата на квалитетното образование, заедно со наставниците и инфраструктурните услови.

    Помина времето на негрижа кон образовниот систем, учениците, наставниците и родителите. Промените се случуваат, а ефектот ќе се огледа преку новите генерации кои ќе располагаат со поконкурентни знаења и потребните вештини за успех, се вели во реакцијата на Министерство за образование и наука.

    Прочитај повеќе

    Се огласи Груевски: Маленко измислува приказни по поткасти, никогаш во животот не сум го видел тој човек

    10.06.2026 во 12:47

    АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина

    10.06.2026 во 12:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.