Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • А1 Македонија втора година по ред генерален спонзор на ИФФК „Браќа Манаки“
    • Шасивари и Мишел разговараа за условите во затворите и препораките на CPT
    • Велјановски: ЈО да истражи како се потрошени 4,6 милиони евра за провизии за железничкиот Коридор 8
    • Кузеска: Мицкоски да објави каде завршиле 5-те милиони евра за прославата на 8 Септември
    • Измерени над 30 степени во 11 часот – УХМР соопшти каде е најтопло
    • Се преврте автобус со туристи – Страшна несреќа во Швајцарија
    • Ново училиште, проширена градинка и поддршка за младите: Паунов ги презентираше резултатите во Карбинци
    • Газдата на Авалон се извини – бев меѓу двајца полицајци, уморен и под стрес
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МОН: И на власт и во опозиција – СДСМ поддржува и пропагира противзаконско работење

    МОН: И на власт и во опозиција – СДСМ поддржува и пропагира противзаконско работење

    16.08.2026 во 13:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Обид за манипулација со јавноста е тврдењето на СДСМ дека а инспекциските надзори се користат за политички пресметки и разрешување на неподобни училишни директори. Структурата на Државниот просветен инспекторат е идентична како во времето кога тие управуваа со институцијата, но тогаш не ги спомнуваа имињата на истите инспектори кои денес се обидуваат да ги оцрнат, реагираат од  Министерството за образование и наука.

    -Основна законска надлежност на Државниот просветен инспекторат е да спроведува редовни контроли врз работењето на образовните установи и да постапува по претставки и иницијативи на граѓани, кои пак, се распределуваат во зависност од моменталниот расположлив кадровски капацитет на институцијата. Се разбира, секаде кадешто ќе се констатираат неправилности, се преземаат соодветни мерки, а НЕВЕРОЈАТНО е како оваа политичка партија секогаш застанува во одбрана на противзаконското работење и поддржува непочитување на правниот систем. Нерегуларности се констатирани и во работењето на средното училиште „Панче Арсовски“ кое денес беше посочено на прес конференцијата на СДСМ и секако дека и таму се постапува како што наложуваат законските прописи. Таквото постапување оваа партија го смета за политичка пресметка. Тоа го кажуваат јавно и на прес конференции и всушност пропагираат искривени вредности. Очигледно е дека нивната болка е што конечно образованието го добива потребното внимание од една Влада. Стопиран е слободниот падот и расчистен е хаосот кој го создадоа четири министри за образование во седумгодишното владеење на СДСМ, велат од МОН.

    За две години вложени се над 70 милиони евра во образовната инфраструктура, набавени се нови наставни програми, учебници има по сите предмети и се достапни на 1 септември, унапредена е инклузивноста, системот на стипендирање ученици и студенти, донесена е нова законска регулатива усогласена со европското право.

    -Се залагаме за воведување на концептот на едносменска ефективна настава во сите училишта кадешто е тоа возможно. Зголемени се платите на наставниците за над 20%. По однос на училиштата во руралните средини кои сами времено се затвораат поради тоа што немаат запишани ученици, ќе ги потсетиме тоа е резултат токму на нивните погубни политики поради кои во седум години го намалија бројот на ученици за 17 илјади. Актуелната Влада и раководството на МОН остануваат посветени кон градење квалитетен образовен систем и ниту едно лажно обвинување и обид за опструкција, нема да нé поколеба да продолжиме да го јакнеме образованието – основниот столб на севкупниот развој и работиме во интерес на најмладите и на државата во целина, посочуваат од МОН.

    Прочитај повеќе

    Шасивари и Мишел разговараа за условите во затворите и препораките на CPT

    11.09.2026 во 11:24

    Велјановски: ЈО да истражи како се потрошени 4,6 милиони евра за провизии за железничкиот Коридор 8

    11.09.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.