Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МОН го промовираше порталот „е-наука“: Единствена национална база за истражувачите во Македонија

    МОН го промовираше порталот „е-наука“: Единствена национална база за истражувачите во Македонија

    25.08.2026 во 12:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за образование и наука денеска го промовираше новиот јавен портал е-наука (e-nauka.mon.gov.mk), кој претставува единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи во земјата.

    Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, истакна дека порталот овозможува преглед на истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за нивната работа. Алатката е поврзана и со глобалните бази Web of Science, Scopus и Google Scholar, со што се прикажуваат резултати, цитираност и h-индекс.

    „Ги охрабрувам сите истражувачи од државните и приватните универзитети и високообразовни установи, од јавните и од приватните научни установи, научни институти и од МАНУ, како и самостојните истражувачи што работат во Македонија, но и истражувачите со македонско потекло кои работат на странски универзитети, да пополнат апликација и да влезат во електронскиот регистар е-наука. Тој е транспарентна и сеопфатна алатка за откривање на нивната работа на домашна и меѓународна научна сцена“, изјави Јаневска.

    Досега на порталот се регистрирале 229 истражувачи, за кои се прикажани податоци за формалното образование, вработувањето, научното звање, установата, научното поле, како и резултатите од глобалните научни бази.

    Преку платформата се овозможува и директно поврзување на науката со бизнис-секторот и со јавните институции.

    „Преку напредни пребарувања, бизнисите сега можат да идентификуваат кој научник или истражувач се занимава со областа што им е од интерес, а тоа поттикнува нови партнерства, го претвора знаењето во економска вредност и ги забрзува иновациите“, појасни министерката Јаневска.

    Платформата е достапна и за меѓународните универзитети и глобалните истражувачки центри, што според МОН ќе отвори можности за заеднички апликации за грантови и коавторства на научни трудови.

    Јаневска посочи дека средството одвојувано за научно-истражувачка дејност бележи континуиран раст, од 380 милиони денари во 2024 година, преку 680 милиони во 2025 година, до 773 милиони денари во овогодишниот буџет. Во тек е реализација и на проекти од национален интерес вредни над 370 милиони денари, а за кадарот е обезбеден и бесплатен пристап до базите Web of Science и Scopus.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.