Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови детали за смртта на Марија: Го завиткал телото во ќебе и го однел во пештера
    • Полска ја зајакнува одбраната: Системи „Патриот“ се упатуваат кон границата со Украина, се формираат нови воени единици
    • Обвинет вработен во познат синџир на супермаркети: Направил штета од 26.000 евра давајќи попуст на купувачи
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Молкот на управата“ и натаму проблем: 438 жалби за недостапни информации во 2025

    „Молкот на управата“ и натаму проблем: 438 жалби за недостапни информации во 2025

    17.09.2026 во 08:051 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2025 година денеска ќе биде разгледан од собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

    Според извештајот, објавен на веб-страницата на Собранието, во текот на минатата година до Агенцијата биле поднесени вкупно 626 жалби, поради молчење на првостепените органи – иматели на информации, или поради нивни одговори дадени во управни и реални акти.

    Од вкупниот број жалби, 438 или 69,96 отсто се однесувале на непостапување на имателите на информации по барањата за пристап до информации од јавен карактер.

    Во извештајот се оценува дека „молкот на управата“ и натаму останува сериозен проблем, и покрај заложбите на Агенцијата. Како една од причините се посочува недоволната свест и разбирање, особено кај дел од раководните структури во институциите на централно и локално ниво, за значењето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

    Агенцијата заклучува дека е потребно да го засили активниот ангажман со административните службеници и раководните структури, со цел да се влијае врз промената на бирократскиот менталитет и постепено да се намали, а во иднина и целосно да се елиминира „молкот на управата“.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.