Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари
    • Три училишта во Битола добиваат спортски сали
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Вадете ги јакните: Идната недела доаѓа вистинската есен
    • ТАВ се повлече: Не важи одлуката за само 1 кратко паркирање на Аеродромот дневно
    • Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата
    • Забрзано се гради пругата до Крива Паланка
    • Битолчанец ја тепал жена му и татко и
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Модернизација на скопската пожарна: Пристигна ново специјално возило „MAN“ со капацитет од 6.000 литри

    Модернизација на скопската пожарна: Пристигна ново специјално возило „MAN“ со капацитет од 6.000 литри

    12.05.2026 во 15:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Противпожарната бригада на Град Скопје отсега е посилна за уште едно современо специјално навално возило од производителот MAN. Новото возило е наменето за гаснење пожари во урбана средина, но и за сложени технички интервенции на терен.

    Станува збор за опрема со врвни перформанси која вклучува цистерна од 6.000 литри и пумпа со нормален и висок притисок.

    Возилото е опремено и со витло од 60 метри, како и со специјална монитор-млазница со далечинска контрола, наменета за справување со пожари со исклучително висок интензитет.

    Од Град Скопје информираат дека оваа донација доаѓа од општествено одговорна компанија и е од огромно значење за ефикасноста на тимовите.

    „Оваа вредна донација од општествено одговорна компанија значително ќе ги зајакне капацитетите на скопските пожарникари за брза, ефикасна и професионална интервенција на терен“, посочуваат од Град Скопје.

    Воедно, градските власти најавуваат дека продолжуваат со инвестициите во модернизација на Противпожарната бригада со цел поголема безбедност на граѓаните и нивниот имот.

    Прочитај повеќе

    Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје

    18.09.2026 во 12:42

    Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци

    18.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.